Силите кои ја движат историјата се истите оние кои човекот го прават среќен, се зборовите на отец Луиџи Џусани, основател на движењето „Комунионе е либерационе“ – Заедништво и ослободување.
Силите кои ја движат историјата се истите оние кои човекот го прават среќен, се зборовите на отец Луиџи Џусани, основател на движењето „Комунионе е либерационе“ – Заедништво и ослободување, човекот кој во 1968 година се заземал за револционерни промени, воедно тоа е и насловот на овогодинешната средба на тоа движење кое започна на 19 август во Римини – Италија.
Прекинот со минатото станал категоричен имератив за една генерација која ги ставала своите надежи во промената на структурата која би била способна да обебзбеди поголема автентичност на животот. Многу верници попуштија пред привлечностите на тие перспективи и од верата направија морализам – пишува во пораката која во име на папата Фрањо ја потпиша неговиот државен секретар кардиналот Пиетро Паролин и ја испрати до организаторите и учесниците на таа средба.
Што останало од желбата сѐ да се промени – праша папата Фрањо во пораката и одговара? Се враќаме на подигнувањето на ѕидови наместо да градиме мостови. Настојуваме да бидеме затворени, наместо да бидеме отворени за другиот. Рамнодушноста се зголеми, а не желбата да преземаме потфати кои донесуваат промена. Чувството на страв преовладува над довербата во иднината. (…)
Човекот секогаш е во искушение да мисли дека неговиот памет и неговата способност се начелата кои управуваат со светот – рече Светиот Отец и напиша? Тие тврдења се остваруваат на два начини: Едниот е шармот на гностицизмот во кој субјектот останува затворен во иманентноста на сопствениот разум или своите чувства. Вториот е неоплагијанизмот оние кои конечно се потпираат исклучиво на сопствената сила. Но, христијаните кои сакаат да ги избегнат тие две искушенија дали морале неопходно да се откажат од желбата за промена? – прашува Папата.
Не, не се работи за тоа – пишува папата Фрањо – за повлекување од светот за да не ризикуваме да згрешиме и за ја сочуваме еден вид на чистота на незагадената вера, затоа што вистинската вера секогаш вклучува длабока желба да се менува светот, да се движи историјата, како што стои во насловот на средбата.
Христијанинот не може да се откаже од сонувањето дека светот ќе се промени на подобро – истакна Папата и нагласи: Разумно е тоа да се сонува затоа што во корените на таа сигурност е длабокото уверувањето дека Христос е почетокот на новиот свет. Неговото воскресение не е работа на минатото, затоа што содржи животна сила која продрела во светот. Таму каде што изгледа дека сѐ е мртво, од сите страни повторно се отвораат зачетоци. Тоа е сила која не може да се спореди.
Ниту еден напор, ниту една револуција – заврши Светиот Отец во пораката – не може да го исполни човечкото срце. Само Бог кој нѐ создал со бесконечен копнеж може да го исполни со своето бескрајно присуство, и затоа станува човек за луѓето да можат да се среќаваат со Оној кој спасува и ја исполнува желбата за среќа, како што потсетува и еден дел од документот од Апарецида во јуни 2007 година кој е плод на V. Епископска конференција на Латинска Америка и Карибите.
Ватикан њуз/к.мк