Падре Пио – Скромниот мистик од Пиетрелчина
Во Пиетрелчина, мал италијански град на 25 Мај 1887 година е роден човекот чиј празник Црквата денес со голема радост го слави. Семејството во кое Падре Пио пораснал било религиозно, уште повеќе било посветено на молитвениот живот, па тој веќе на пет годишна возраст понизно и со голема љубов го посветил својот живот на Господ. Сакал да биде сам, да пее фалоспеви на Бог, да моли и да го минува времето во тишина. Во подоцнежните години коментирајќи ги годините на детството, Падре Пио открил дека веќе од тогаш ги воочил знаците на посебното послание, имено можел јасно да го види својот ангел чувар и да разговара со него, а ја примил и милоста на укажување на Господ Исус и Блажена Дева Марија. Тогашниот духовен живот на Падре Пио бил исто така искушуван од нападите на злото.
Неговата желба да стане свештеник се дознала во 1897 година кога младиот капуцински фратар во обикола за собирање на милостина ја посетил и куќата на семејството на Падре Пио. По таа посета им рекол на своите родители: Сакам да видам монах… со брада.
Завршувајќи ја потребната едукација, со 15 години влегува во капуцинскиот манастир и прима капуцинска монашка облека – хабит, а името Пио го избрал во чест на светиот папа Пио V, заштитник на неговото родно место. На 23 години е ракоположен за свештеник. Само месец дена по свештеничкото ракополагање Падре Пио ги добил стигмите. Се молел да го помине таа жртва велејќи: Да, сакам да страдам за Господ, би сакал и да умрам од страдање, но сè да е во тајност.
Моли. Надевај се. Не грижи се.
Служел во манастирот Сан Џовани Ротондо, а таму процветало неговото послание на духовен отец кој се грижи за своите духовни ќерќи и синови. Денес ни се познати правилата на духовниот живот кој Падре Пио го развил: седмична света Исповед, секојдневно причестување, духовно читање, медитација и испитување на совеста, а од длабочината на духовниот живот произлегува и неговото добро познато мото: Моли. Надевај се. Не грижи се.
Во повоениот период кога на напатените луѓе им требало знак на надеж и враќање на верата, Падре Пио повторно ги добива стигмите, има и милост за способност на билокација, а околу него се шири пријатен мирис. Пошироката јавност наскоро дознала за сите тие знаци и манастирот Сан Џовани Ротондо набрзо се претворил во поклоничко место, а Падре Пио потполно се посветил на водство на душите и тоа толку интензивно што неретко спиел само по два часа. И покрај контоверзите и обвинувањата кои пристигнувале на негова сметка Светииот Престол и покрај одлуката со која во еден период се намалува интензитетот на неговото делување, Падре Пио неуморно го продолжува своето послание и станува интернационално позната личност. Со сериозно нарушено здравје, после исповед, обнова на заветите на сиромаштво, чистота и послушност Падре Пио умира на 23 септември 1968 година.
Дали Падре Пио пеел?
На датумот на годишнината од смртта на Падре Пио пред да биде прогласен за светец, верниците се собирале пред манастирот Сан Џовани Ротондо и црквата Санта Марија дела Грацие молејќи бројаница, пеејќи разни фалоспеви, химни и молитви, чекајќи со часови да започне полноќното бдение. Имало многу луѓе кои го познавале Падре Пио и некој прашал: Дали Падре Пио пеел?
Познати се многу анегдоти од неговиот живот, многу чуда, коресподенција, визии, разговори со ангелите… Забележано е исто така и неколку редови поврзани со музика и пеење.
На 22 септември 1968, денот пред смртта Падре Пио ја служел последната света Литургија. Прво поради слобоста сакал да биде тивка и кратка Литургија, но слушнал кога го замолиле сепак да биде пеена. Во членот на „Негова последна песна“, вицепостулаторот за кауза за прогласување на свет Падре Пио, Герардо ди Флумери запишал:
„Знаеме дека Падре Пио утрото на 22 септември 1968 година, само ден пред смртта ја отпеал својата последна света Литургија. Тој ден е забележано во манастирската хроника: „Падре Пио како и секое утро сакаше да служи тивка Литургија, но чуварот го замолил и нежно го наговорил да служи пеена Литугија за молитвените групи кои тој ден се собрале во Црквата. Падре Пио послушал.“ Служена е Миса со тројца пеачи. Кога и да го погледнам видеото од последната Литургија на Падре Пио ме обземат чувства. Неговиот уморен глас и погледот на неговото измачено и слабо тело уште ме погодуваат. Но она што во мене буди најсилно чувство е моментот кога Падре Пио го пее Оче наш. Слушајќи го неговиот скршен глас човекот едноставно ја чувствува нескршливата вера на овој човек во небесниот Отец, а солзите сами доаѓаат на очите на помислата на тоа дека Падре Пио ја пее последната песна.
Но, ако сакаме да бидеме прецизни таа не била неговата последна песна. Напладне кога фратрите се собрале на ручек, Падре Пио останал сам во својата соба. Со него останал само фра Јосиф подготвен да му помогне. Ходникот и целиот манастир како да бил облечен во мистична тишина. Одеднаш Падре Пио ја прекинал таа тишина и со необично силен глас ја започнал молитвата Господова. Совршено свесен за своето брзо заминување од овој свет јасно изговарајќи го секој збор, неговата молитва Оче наш речиси поминувала во песна. Таа била неговата последна песна, последен чин пред потполното предавање во рацете на Отецот.“
Молитва до Падре Пио
Свети Оче Пио кој толку си ги љубел раните Христови што и самиот си ги носел на своето тело, тебе кој својот живот си го посветил на навестување и славење на маката и љубовта Христова те молам да ми бидеш заштитник и застапник пред Исусовото Пресвето Лице. Те молам измоли ми го дарот на доверба во Божјата љубов, дарот на доверба во Божјата провидност и дарот на предавање на Божјата волја. Боже Кој на блажениот Пио си му дал милост на чудесен начин да биде учесник во трпењето на Твојот Син, подели и на нас по неговото застапување да се сообразиме со Исусовата смрт за да ја достигнеме славата на воскресението. Амин.
Лаудато/Д.И.