Падре Пио: „Не плашете се од сатаната“
Падре Пио, познат светец со стигми, вака пишува на своите духовни чеда за тоа како да се спротистават на сатаната и да се одржат за време на неговите искушенија.
„Не дозволувајте да ве изненадат или преплашат сатанските бесни напади, кои ќе ги искусите многу пати.
И како што знаете, таа ќе ги прогонува до смртта оние души кои не сакаат да го слушат, кои не сакаат да му се предадат.
Неговата омраза е сѐ поголема и поголема, кога гледа дека неговите напори околу освојувањето на некои души пропаднале.
Вие продолжете по правиот пат, зајакнете се со молитва, понизност и со својата бескрајна доверба во Божјата помош. Предадете се себе си на Отецот како негово љубено дете. Фрлете се во Неговата прегратка и не плашете се од сатанските битки против вас. Таа не може ништо на душа која својата доверба ја става во Бог. Може да ве искушува, но само со ограничена сила која му е допуштената од Небото;
Бог никогаш нема да ве искушува повеќе од вашите сили. Нема од што да се плашиме затоа што нашиот Господ нема да не напушти и нема да дозволи сатаната да владее над нас. Бог е постојан и нема да дозволи искушенијата да ја преминат нашата сила. Тој дозволува нашиот непријател да не мачи но само до оние граници кои служат на Неговиот татковски план, ги посветува нашите души и за поголема слава на Неговото Величество. Затоа бидете храбри и задржете го мирот во своите души, затоа што Господ е во вашето срце. Тој ќе се бори со вас и за вас.
Тогаш, кој ќе победи?
Кој може да биде посилен од Него?
Зар победата нема да припадне на души кои настојуваат само да му угодат на Бог, кои Нему му се обраќаат со доверба и чекаат исполнување на Неговата накана?
Вие говорете за своите слабости спротивно од така силниот непријател на вашите души.
Да, но нека вас ве вдахнува нашиот предраг Господ, бидејќи како што знаете – колку што е поголемо сиромаштвото и слабоста на душата толку повеќе треба да веруваме во силата на Господ, а не во својата…
О, кога сите души би ги искусиле овие свети слабости тогаш не би ги сведочеле нивните падови, падовите кои се случуваат во секој час.
Затоа што никогаш не паѓа онаа душа која кога ќе ја препознае својата слабост се свртува кон Бог за помош.
Само тогаш кога душата ќе стави премногу доверба во својата сопствена сила и мисли дека може да го отфрли и победи искушението со своите сили, тогаш се среќава со падовите кои ја совладуваат.
Кутра душа, иако речиси го допирала Небото, во една секунда е фрлена доле до самите врати на пеколот!
Затоа, ставете ја својата доверба во Господ и охрабрете се!
Не плашете се од сатанските чести напади. Слабоста која ја чуствувате нема да биде причина за вашиот пад, ако останете свесни, будни и во молитва. Тогаш ќе бидете силни со силата која Бог ви ја дава.
Но сигурно ќе паднете ако ставите премногу доверба во себе си. Тогаш многу брзо ќе бидете свесни за својата сиромаштија и слабост. Ви повторувам пак и ќе продолжам тоа да го правам:
Не плашете се, туку сѐ повеќе ставајте ја својата доверба во Божјото милосрдие.
Понижете се пред нашиот Добар Господ и заблагодареме му за сите милости кои се удостои да ви ги даде и продолжува да ви ги дава.
Тој ја бара нашата благодарност иако ние никогаш нема да бидеме во состојба на никој начин да му заблагодариме како заслужува за преизобилните милости со кои нѐ опсипува. Секогаш трудете се да запамтите што сум ви кажал; соочете се со предизвиците и вие ќе ги надвладеете сите пеколни напори, целиот негов бес. Со Божја помош ќе постигнете спасение. Секогаш настојувајте да молите и да прифаќате трпење, заедно со Божјата накана и волја.
Нека мислата за наградата на небесата која и не е така далеку ви даде храброст.“
Дневно/Д.И.