Висиш на крстот. Те приковале. Нема повеќе да се симнеш од тој столб помеѓу небото и земјата. Те печат раните на телото. Трновата круна ти ја рани главата. Во очите ти плива крв. Раните на твоите раце и нозе се такви како да ти се прободени деловите со жешко железо. А душата ти е море од тага, болка и безнадежност.
Тие кои што сето ова ти го направија стојат пред твојот крст. Не сакаат да одат, барем да те пуштат сам да умреш. Те чекаат. Се смејат. Дури мислат дека имаат право, и дека твојата состојба е очигледен доказ за тоа; доказ дека нивната постапка со тебе ја исполнува најсветлата правда, богослужба со која можат да се гордеат. И затоа се смејат. Се подигруваат, хулат. А тоа е, поужасно од секоја телесна болка, донесоа очај поради таквата злоба. Зарем има луѓе спремни на таква подлост? Имаш ли веќе нешто заедничко со нив? Се смее ли човекот на такво крвничко мачење? На смрт да мачиш, со неправда, шпионство, лицемерие и подмуклост која велат уште и дека имаат право, глумат невини, се преправаат во праведни судии? И тоа Бог го дозволува да се случува во Неговиот свет? О Господи, нашето срце пука од бес и очај. Би ги преколнувале непријателите и Бог. Би викале и како избезумени би ја тргнувале рака од клиновите за уште еднаш ја стиснеме шаката.
А ти велиш: Оче, прости им, оти не знаат што прават. Неразбирлив си, Исусе. Каде само настанала оваа реченица во твојата изопачена болка и разрушена душа?! Несфатлив си! Ти ги сакаш своите непријатели. Ги препорачуваш кај својот Отец. Молиш за нив. О, Господи, ако не е грев кажи: Ти ги извинуваш со најневеројатното извинување што го има – што не знаат. Сите тие знаеја. Само не сакаа да знаат! А што сакаме пак ние да знаеме, тоа сепак го знаеме во внатрешноста на срцето. Но, ние тоа го мразиме и не даваме да исплива на површината од сoвеста. А ти велиш, не знаат што прават. За едно сепак знаеја: за твојата љубов кон нив, затоа што за неа знае само оној кој што и самиот тој те љуби. Само љубовта ја разбира подарената љубов.
И над моите гревови ги изговори зборовите на простување на несфатливата љубов. И за мене кажи му на Отецот: прости му, оти не знае што прави. Морам да признаам, јас знаев. Сè. Но, за твојата љубов, сепак не.
Дај ми да се сетам на твоите први зборови на крстот кога во „Оче Наш“ без размислување тврдам дека им простувам на своите должници. О, мој Боже на крстот на љубовта, навистина не знам дали на некој што ми е должен би можел да му простам. Но, и за ова ми треба твојата сила за да простам, од срце да простам, на оние на кои мојата гордост и себичност ги гледа како непријатели.
Од книгата Молитви на животот од Карл Ранер/к.мк