Охрид: Концерт на духовна музика
На 26 август 2016 година во Католичката црква „Свети Кирил и Методиј и свети Бенедикт“ во Охрид се одржа концерт на духовна музика во рамките на Хорскиот фестивал, кој се одржува секоја година во Охрид кон крајот на август.
Концертот го отвори ансамблот „Смирна“ од Скопје а учествуваа и хорови од Србија, Бугарија, Молдавија, Русија и Полска. Изведени беа познати песни како „Оче наш“, Иже херувими“, “Ангел вопијашче“, „Ego sum bonus pastor“, „Exulatete Deo“ и други.
Овој дел од хорскиот фестивал не спаѓа во натпреварувачкиот дел, но пробуди голем интерес кај љубителите на духовната музика да дојдат во Црквата и да уживаат во духовната музика.
к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк