Официјално потврден терминот за Светскиот ден на семејства во Филаделфија

Во Ватикан официјално е објавено дека следниот Светскиот ден на семејства ќе се одржи во Филаделфија од 22-27 септември 2015 година.

„Собирите како што се Светскиот ден на семејства се голем извор на радост. Но таковиот настан бара и многу планирање и работа. Очекуваме да пристигнат илјадници луѓе и тоа семејства со деца, од сите генерации. Ваквите настани во суштина се моменти на милост. Ја имаат таа сила да ја преобразат целата заедница, во позитивна смисла“, истакна архиепископот на Филаделфија Чарплес Чапут.

Архиепископот Чапут пристигна во Ватикан заедно со градоначалникот на Филаделфија, за да учествува во подготвителните состаноци. „Филаделфија се радува што ќе биде домаќин на ваков настан“ – истакна градоначалникот Михел Нутер.

„Со архиепископот Паглија ги одржавме предвидените состаноци. Се чувствуваме добредојдени и навистина сакаме да успее таа средба. Пред нас е полно работа и многу сме возбудени“, рече Нутер.

Светскиот ден на семејства прв пат ќе се одржи во Соединетите Американски Држави.

Се надеваме дека луѓето од двете Америки, кој уште се нарекува и „континет на надеж“ ќе дојдат на светската средба и ќе доживеат ново искуство за да и сами евангелизираат преку семејството, културата, економијата и законодавството, истакна Карлос Симон од Папскиот совет за семејство.

Сѐ уште не се знае дали на Светскиот ден на семејства во Филаделфија ќе присуствува и папата Фрањо, но се претпоставува дека ќе ја прифати поканата и дека тоа воедно ќе биде неговата прва посета на Соединетите Американски Држави.

Лаудато/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот