Официјален почеток на Светскиот ден на млади
Рио де Жанеиро, 24.7.2013 /к.мк/ – Папата Фрањо на 23 јули вторник се одмара после бурниот пречек во Рио де Жанеиро. На плажата Копакабана се очекува доаѓање на стотина илјади млади од целиот свет кога и ќе започне Светскиот ден на млади.
Светиот Отец го пречека воодушевено мноштво, а патувањето во Бразил е негово прво патување во странство во неговиот понтификат.
Папата во вторник на распоредот немаше закажано никакви средби и е предвиден одмор од патувањето. Потпаролот на Светата Столица, отец Федерико Ломбарди сепак најави некои можни средби на Папата.
Во текот на вечерната Литургија е предвидена на Копакабана и ја предводи архиепископот на Рио де Жанаиро, монсињор Орани Хоао Темпеста, и службено ќе започне Светскиот ден на млади за кој Бразил се подготвува веќе повеќе недели.
На отворено се очекува 1,5 милиони млади поклоници од 170 земји од светот. Папата нема да присуствува на самото отворање.
Веднаш по доаѓањето, на пречекот во гувернаторската палата пречекан од преседателката Дилме Роусеф. Папата Фрањо кој се залага за враќање на мисионерска Црква, ги повика младите да го следат Христос.
Светата Столица изјави дека не се плаши за безбедноста на папата, протестите во Бразил не се однесуваат против неговата личност и дека повеќе од 60% од населението се католици.
Папата во среда ќе продолжи со програмата со посета на Богородичното светилиште во Апарецида, двеста километри од Рио.