Официјаланото лого за канонизација на Маја Тереза

Карен ни Д’Лима Вашвани, католикиња и графички дизајнер од парохијата „Дева Марија на победата“ во Махим, населба во Мумбаи, е авторката на официјалното лого за канонизација на Мајка Тереза од Калкута, која ќе биде прогласена за светица на 4 септември во Ватикан.

Важноста на добротворноста

Карен никогаш се нема сретнато со Мајка Тереза, но секогаш била исполнета со воодушевување за нејзините дела. Кога го создаваше логото Карен постојано со молитви му благодареше на Бога.

Карен ни Д’Лима Вашвани ја започнува својата кариера пред 21 година како графички дизајнер, но и покрај професионалните обврски, својот талент го посветува во служење на многу парохии во градот „за слава Божја”, како учи Мајка Тереза. „Никогаш не сум ја видела Мајка Тереза „лице в лице“ – вели дизајнерката за индиската католичка агенција AsiaNews – но секогаш сум се восхитувала од нејзините дела и често сум била привлечена за добротворна работа, помагајќи со моето професионално искуство”.

Радост и благодарност

Карен е мажена за Синди Ишуор Вашвани, а нивната ќерка го носи името Кимаја. За AsiaNews Карен раскажа дека епархијата од Калкута побарала од неа да се дизајнира логото за прославата на канонизација на Мајка Тереза од Калкута. Сестра Према, настојателка на Мисионерките на љубовта и отец Брајан Колодијчук, постулатор на процесот за канонизација, одлучиле да го прифатат логото. „За тоа сум многу возбудена и сум исполнета со огромна благодарност”.

Мото на логотот: Нежната и милостива љубов Божја

Логото за Мајка Тереза на дизајнерката ѝ одзеде три дена. Темата беше дадена од Ватикан: „Навестителка на нежната и милостива Божја љубов”, појасни Карен. Затоа одбрав класична поза на Мајка Тереза, која со милостива љубов во раце држи бебе”. „Претпочитав многу поедноставена графика и само две бои, за да може лесно да се користи од било каков вид медиум”. Карен призна дека на прво место, се заблагодари на Бога, кој и ја дал таа можност, се молела за благодати и Божја помош во создавање на логото за биде читливо и силно, само по себе да зборува”.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
Категорија: Свет

За авторот