Отвореноста кон животот централна тема на четвртиот ден од Синодата

Црквата не е царина, туку татковски дом – со тоа размислување во присуство на папата Фрањо во Ватикан продолжува 3. вонредна Епископска синода посветена на семејството. На 9 октомври, четвртиот ден од Синодата во центарот на размислувањата беа пасторалните предизвици во контекст на отвореноста за живот.

Потребна е трпеливо следење на сите луѓе во знакот на милосрдието – е резимето од размислувањата. Како што извести патер Федерико Ломбарди, директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол на брифингот за новинарите, се зборуваше за тешките пасторални ситуации, а во расправата е наведена Црквата која ги опфаќа здравите семејства и оние во криза и истакнато е дека секојдневното настојување не треба да биде тоа да се покаже рамнодушност кон слабостите, бидејќи трпението вклучува активна помош на најслабите.

Што се однесува до разведените и повторно склопен цивилен брак, патер Ломбарди кажа дека изнесени се повеќе предлози и воочена е голема согласност во цела низа на пристапи по тоа прашање. Што се однесува пак до ништовноста на бракот, истакнато е дека е потребно поедноставување на постапката со вклучување на повеќе меродавни лаици во црковните судови со должно почитување на вистината и вистинскиот човек и избегнување на површност. Имаше и доста конкретни предлози за организација на епископските канцеларии кои со таа тема треба да се занимаваат под водство на епископот – рече директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол – но истовремено и да не дојде до некој вид на католички развод.

Важноста на слушањето, па и во групите беше предложено за пасторал со хомосексуални луѓе и повторно е истакната невозможноста за признавање на бракот помеѓу двајца луѓе од ист пол. Имаше говор и за полигамијата иако таа е сѐ помалку.

Што се однесува до мешаните бракови истакнато е дека тие можат да ја сведочат согласноста и меѓурелигискиот дијалог. Во сведоштвата на синодата – како што рече патер Ломбарди – имаше говор и за одговорното татковство како тоа се живее во семејниот живот. Освен тоа, повторно истакнат е дарот на животот и крепоста на чистотата, темелните вредности на христијанскиот брак. Истакната е исто така сериозноста на злосторството како што е абортусот и негативното влијание на контрацепцијата на општеството која доведе до пад на наталитетот. Пред таквите проблеми католиците не смеат да молчат, туку треба да ја донесат пораката на надеж – истакнато е на Синодата.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот