Радоста кон Евангелито е мерило за верата на секое човек

Радоста кон Евангелито е мерило за верата на секој човек. Без радост, тој не е вистински верник – истакна Светиот Отец на Литургијата во домот Света Марта во четврток 26 март 2015 година.

Говорејќи за радоста на Авраам поради Божјото ветување дека ќе стане „татко на многу народи“, Папата го спореди неговиот став со ставот на закониците, кои – како што рече – „не ја сфаќаа радоста на ветувањето; не ја сфаќаа радоста на надежта; не ја сфаќаа радоста на сојузот.“

Тие „не се радувале“, бидејќи го изгубиле чувството за радост, кое доаѓа единствено од верата. „Нашиот отец Авраам можел да се радува, бидејќи имал вера“, додека закониците ја изгубиле верата. „Биле учители на законот, но без вера! Напротив,: го изгубиле законот, бидејќи центар на законот е љубовта, љубовта кон Бог и ближниот„ – рече папата Фрањо.

„Единствено имале систем на прецизна наука, кој секој ден го правеле сѐ попрецизен, за да никој не го допира. Луѓе без вера, без закон, наврзани на доктрина“ – а тоа пак во нив предизивикува „казуистички став“ – рече Папата и даде неколку примери: „Може ли да се плаќа данок на царот или не? Онаа жена која седум пати се мажела, чија жена ќе биде на небесата?“

Тоа бил нивниот „апстрактен свет“, „без љубов“ и „без вера ,свет без надеж“, „без доверба“, и на крајот „свет без Бог“. И поради тоа не можеле да се радуваат“ – истакна папата Фрањо. Можеби знаеле да се забавуваат – забележа иронично – но тоа било „без радост“, „со страв“. Нивното срце било скаменето. „Тоа е тажно – да се биде верник без радост, а нема радост без вера, надеж, закон, туку само прописи, ладна доктрина“.

Исус им рече на евреите: „Авраам, таткото ваш, би се зарадувал да го види Мојот ден; и го виде, и се зарадува.“ Да го молиме Господ – поттикна на крајот Светиот Отец – за милост да се зарадуваме во надежта, за милоста да можеме да го видиме Исусовиот ден, кога ќе се сретнеме со Него, како и за милоста на радост.“

РВ/го*ко

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот