Делегираните членови на Дружбата Исусова, кои се состанаа во Рим на 36. Генерална конгрегација на заедницата на 14 октомври го избраа својот нов поглавар . Станува збор за отец Артуро Соса, роден на 12 ноември 1948 година во Каракас, Венецуела.
Пред да се приклучи на Дружбата Исусова, завршува политички науки на Централниот универзитет во Каракас, а за свештеник е ракоположен 1977 година.
Отец Соса ќе го наследи досегашниот поглавар на Дружбата Исусова отец Адолф Николас.
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк