Од срце во срце
Едноставен јазик, разбирлив за сите, составен од кратки реченици, вообичаени зборови и повторување на клучните зборови – тоа е стилот на папата Фрањо препознатлив на јавните настапи, изјави во својата анализа библичарот Матео Кримело, професор по егзегеза на Новиот Завет на Папскиот универзитет Урбанијана.
Она што веднаш се забележува е едноставното изразување, што придонесува да биде лесно разбирлив – забележа дон Кримело во разговор за нашето радио. Се чувствува длабочината на мислите: човек кој размислува, кој моли, кој пренесува големо искуство, кој има преглед во гледање на реалноста, но се изразува со јазик кој е навистина разбирлив за сите – истакна дон Кримело и потсети на познатата реченица од Талмудот: „Она што излегува од срцето, влегува во срце“. Ми изгледа дека токму е таков случајот со папата Фрањо.
Тој напомна дека во парохијата во Милано, во која тој живее, во последно време се гледа како повеќе луѓе доаѓаат на исповед. Дон Кримело истакна дека тоа е прекрасен знак од делувањето на папата Фрањо: човек кој говори за Божјата љубов, кој го пренесува своето искуство со милосрдието, својата голема љубов кон Бог, и така непосредно и кај другите ја буди желбата за едно такво искуство.