Од проповедта на Папата: Поразително е да се биде делумен христијанин

Вистинскиот христијанин не се плаши да ги „извалка рацете“ во справувањето со грешниците, да го ризикува дури и својот добар глас – затоа што има Божјо срце кое не сака никој да се изгуби – е пораката на папата Фрањо на светата Литургија на 6 ноември во домот Света Марта. Во денешното Евангелие Исус се зборува за две параболи: за изгубената овца и за изгубената драхма, како одговор на мрморењето на фарисеите и книжниците што „прима грешници и јаде со нив“.

„Тоа било вистински скандал во тоа време“, рече Светиот Отец, „но Исус дојде за да ги бара оние кои се одделиле од Господ.“ Двете параболи кои ги кажа ни даваат да видиме какво е Божјото срце. Бог не се запира, не оди само до одредена точка, Бог оди до крај на дното, до границата“ – рече Папата. Фарисеите и книжниците се запреле на половина пат. На нив им било важно соодносот на добивката и губитокот да биде повеќе или помалку поволен“ – но тоа не е по Божјите мисли, бидејќи Он е Отец и во спасението оди до границата.

„Жално е тоа пастирот кој ја отвора вратата на Црквата и останува таму чекајќи“ – рече папата Фрањо – „Жално е кога христијанинот тоа не го чувствува одвнатре – во своето срце – дека е потреба, неопходност да оди и да и каже на другите дека Господ е добар. Но, колку изобличување постои во срцата на луѓето кои си мислат дека се праведни како оние книжници и фарисеи. Тие не сакале да ги валкат рацете (во справување) со грешниците.“

„Да бидеш делумен пастир е поразително“ – рече потоа Папата. „Пастирот треба да го има Божјото срце да оди сѐ до границата“. „Вистинскиот пастир, вистинскиот христијанин го има тој внатрешен жар: за никој да не биде изгубен. И заради тоа не се плаши да ги извалка рацете и да го ризикува својот живот, да го ризикува својот добар глас, да ризикува да го изгуби својот комфор, својот статус, а може и да ризикува да ја изгуби својата црковна кариера“ – но е добар пастир, нагласи папата Фрањо, потсетувајќи дека ниту Синот Божји не го држел Своето, туку потполно се предаде. „Запамтете го тоа: делумен пастир – не, никогаш! Делумен христијанин – никогаш!“

Добриот пастир и добриот христијанин, заклучи Папата, секогаш излегува од себе на патот кон Бог, во молитвата, во поклонувањето; но и на другите да им ја донесат пораката на спасението. Добриот пастир и добриот христијанин знае што значи нежност. „Фарисеите и книжниците тоа не го знаеле“, „не знаеле што значи да ја земеш овцата на рамењата“ за да ја „вратиш на нејзиното место“ – рече Светиот Отец и заврши: „Тие луѓе не знаеле што е радост. Делумниот пастир и можеби знае за забава, за смиреност, за одреден мир, но не за радост – она радост која е во небесата“, „радост која доаѓа од самото Срце на Отецот“ и го спасува Божјиот народ. „Тоа толку убаво; да не се плашиме од оцрнување заради тоа што одиме да ги пронајдеме браќата и сестрите кои се одделиле од Господ. Да ја молиме таа милост за секој од нас и за нашата Мајка Света Црква“ – рече на крајот папата Фрањо.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот