Од проповедта на Папата: Крутоста е знак за слабост на срцето

Исус нè прави милосрдни кон луѓето, а оној кој има непостојано срце затоа што не е засновано на Христос, е во опасност да стане тврдокорен само во надворешната дисциплина, а внатре да стане лицемер и опортунист, рече Папата во проповедта во домот Света Марта. Во денешниот евангелски дел првосвештениците и старешините народни го прашуваат Исус со која власт научува. Со тоа прашање смета папата Фрањо го покажуваат лицемерното срце кое не обрнува внимание на вистината; само ги бара своите интереси и се врти како што дува ветерот. „И така тргуваат со внатрешната слобода, верата, татковината, со сè, освен со својата илузија „биле опортунисти“, додаде.

Нели тие сепак го почитувале законот: во сабота оделе само по одреден број на чекори, секогаш ги миеле рацете. „Да, да, вистина, но привидно“, истакна Папата. „Биле силни, но однадвор“, додека „срцето им било непостојано: не знаеле во што веруваат“. Затоа однадвор целиот живот им бил уреден, но срцето им било колебливо, а „кожата тврда“. Исус спротивно на тоа нè поучува дека христијанинот треба да има силно и постојано срце, кое расте на каменот кој е Христос. „Со срцето не се тргува; не се тргува со каменот. Каменот е Христос, (а со тоа) не се тргува!“ нагласи Светиот Отец.

И кога учениците кинеле и јаделе класје фарисеите и книжниците приговарале: „Но, нашата дисциплина, нашата наука вели дека тоа не може да се работи! Биле тврдокорни во својата дисциплина“, рече папата Фрањо и го спореди тоа со крутото одржување на дисциплината на постот пред Причеста во пвремето пред папата Пиј XII: „Не можело да се напиешм ниту капка вода“, а „кога се миеле забите, требало да се внимава вода да не се голтне.“ А кога Пио XII ја променил дисциплината, „толку фарисеите скандализирале“, зборувајќи „ерес! Не допирајте ја црковната дисциплина!“ Пио XII постапил како Исус: ја видел потребата на народот“, додека ваквите фарисеи „биле со тврди кожи, но во срцето гнили, слаби.“

„И ние во својот живот можеме да станеме такви“, истакна Папата, додавајќи: „Некогаш – ќе ви доверам една работа – кога би видел таков христијанин, со слабо и не зацврстено срце; не втемелено на Каменот – Исус – и со таква надворешна крутос, би го замолил Господ: „Господе, фрли им кора од банана на патот, да се лизнат; да се засрамат што се грешници – и така среќавајќи те тебе – да сфатат дека Ти си Спасител. Често гревот нè посрамува и тогаш го сретнуваме Господ кој ни простува.“

Едноставниот народ не погрешил и покрај зборовите на книжниците „бидејќи народот разбрал, имал нос за верата“, смета папата Фрањо. „Го молам Господ за милост нашите срца да бидат едноставни, расветлени со вистината која ни ја дава за да можеме да љубиме, простуваме, да ги разбираме другите, да имаме големо срце за луѓето, да бидеме милосрдни. Никогаш да не осудуваме“, рече Папата бидејќи „ако сакаш да осудиш, осуди се самиот себе; веројатно (за тоа) ќе имаш некоја причина.“ На крајот на проповедта додаде: „Го молам Господ за милост да ни даде внатрешно светло; да нè увери дека само Он е Каменот“ и да ни подари милост „да се почувствуваме грешници.“

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот