Од проповедта на Папата: И денес постојат „христијани пагани“
И денес постојат „христијани пагани“, кои се однесуваат како „непријатели на Крстот Христов“, предупреди папата Фрањо на светата Литургија во домот Света Марта во петок 7 ноември.
Говорејќи од посланието на светиот апостол Павле до Филипјаните, Папата истакна дека и денес во Црквата постојат две групи христијани – и двете групи заедно посетуваат света Литургија во недела и се нарекуваат христијани. Но разликата е во тоа што едната група се однесува како непријател на Крстот Христов. Тоа се – објасни папата Фрањо – „световни христијани, христијани само по име“ – „христијанско име, но пагански живот“.
Мораме да бидеме внимателни и ние самите да не станеме христијани пагани; христијани само по изглед. „Тоа е искушението да се навикнеме на просечност“ – истакна папата. Просечноста на тие христијани „е нивната пропаст, бидејќи срцето им е изладено, станало млако. А за млаките Господ упатува тешки зборови: „Бидејќи си млак ќе те изблуам од устата Своја.“
Свети Павле збороува дека „нашата татковина е на небесата“. Татковината на христијаните пагани е „земјата“. Тие се граѓани на светот, не на небото. Пазете се од таквите“ – предупреди Светиот Отец и препорача секој од нас да се запраша: „Има ли во мене нешто такво? Има ли во мене световност? Нешто паганско?“
„Дали сакам да се фалам? Ги сакам ли парите? Дали сум важен, горделив? Каде сум вкоренет, односно каде е мојата татковина? На небото или на земјата? – праша Светиот Отец истакнувајќи: „Погледнете го крајот: каде те води припадноста на твојата таковина во срцето: Онаа световната те води во прпоаст, а припадноста на Крстот Христов те води на средба со Него“.
Знаците во срцето можат да ни покажат „се лизгаме ли кон световноста“. „Ако сакаш пари и се наврзан на нив или на испразност и си горделив, одиш по лош пат“. Ако пак се „трудиш да го љубиш Бог, да им служиш на другите, кроток си, понизен“ – тогаш „одиш по добар пат“. Твојот документ за државјанство е добар – небесен!“
Исус толку многу го молеше Отецот да ги сочува учениците од таа световност која води во пропаст – продложи папата Фрањо, размислувајќи за параболата за несправедливиот настојник од денешното Евангелие. „Како тој настојник можел да мами, да краде од својот господар? Наеднаш, во еден ден? Не! Малку по малку. Еден ден „почестување“, другиот ден мито и така малку по малку дојде до корупција. Таков е патот на световноста и непријателот на Крстот, те води до расипаност!“ – предупреди уште еднаш Папата.
Поради тоа треба да останеме да бидеме постојани во Господ; да не дозволиме срцето да ни ослабне и да заврши во расипаност. „Остани постојан во Господ – во тоа е целото спасение, во тоа е преобразението во слава“. „Постојани во Господ по примерот на Христовиот Крст: понизност, сиромаштво, кроткост, служење на другите, поклонување, молитва“ – рече на крајот од хомилијата Светиот Отец.
РВ/го*ко