Папата: Ирак секогаш ќе остане во мене, во моето срце

Папата: Ирак секогаш ќе остане во мене, во моето срце

Светиот Отец ја искористи најбројната средба и последниот јавен настан за да се збогува и да се заблагодари.

Светата Литургија во Ербил беше последниот јавен настан за време на ова 33. Апостолско патување на папата Фрањо – поклонение во Ирак по стапките на патријархот Авраам. Така, на крајот на службата, пред да го даде благословот, Светиот Отец уште еднаш им се обрати на присутните со неколку зборови.

Најпрво тој се обрати на патријархот – католикос на Асирската црква во Источна Мара, Геваргис III, кој беше присутен на службата. „Благодарам, драг брат!- рече папата Фрањо и додаде: „Заедно со него ги прегрнувам христијаните од различните деноминации: многумина ја попрскаа истата земја со крв! Но, нашите маченици блескаат заедно како ѕвезди на исто небо! Оттаму нѐ повикуваат заедно и без одлагање да тргнеме кон потполно единство“.

Следните зборови беа упатени до браќата епископи, кои „работеа напорно за ова патување“ и на сите што учествуваа во овие подготовки, ги придружуваа со молитви и ги примаа со радост. „Искрено честитам посебно на курдското население. Искрено им се заблагодарувам на владата и на цивилните власти за нивниот незаменлив придонес и им благодарам на сите кои на различни начини соработуваа во организацијата на патувањето, како и на бројните волонтери“, рече Светиот Отец.

Папата забележа дека во текот на овие денови слушнал гласови на болка и тага, но исто така и на надеж и утеха. Во овој контекст, зборови на признание и благодарност беа упатени до добродетелите и организациите од различни деноминации и религии, кои брзаат да им помогнат на луѓето во оваа земја.

„Сега се ближи моментот на враќање во Рим. Но, Ирак секогаш ќе остане со мене, во моето срце. Ве замолувам сите, драги браќа и сестри, да работиме заедно во единство за иден мир и просперитет, кој никој нема да остави зад себе и никој да не биде дискриминиран. Ве уверувам во моите молитви за оваа драга земја. Посебно се молам за припадниците на различните верски заедници, заедно со сите луѓе со добра волја, да соработуваат во зајакнувањето на врските на братството и солидарноста во служба на доброто и мирот“, рече Светиот Отец.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот