Од проповедта на Папата: Верата е дар на Светиот Дух
Главно жените ја пренесуваат верата – рече Папата во проповедта на светата Литургија на 26 јануари во капелата на домот Света Марта на литургискиот спомен на светите Тимотеј и Тит, коментирајќи го Второтот послание на свети Павле до ученикот Тимотеј.
Свети Павле го потсетува Тимотеј од каде доаѓа неговата „искрена вера“: ја примил од Светиот Дух „преку мајка му и баба му“. Мајките и бабите ја пренесуваат верата – рече Светиот Отец додавајќи дека не е исто пренесувањето на верата и поучувањето на верските вистини. Верата е дар, не може да се научи. Верските вистини се учат за верата подобро да се разбере, но со учење не се стекнува вера. Верата е дар на Светиот Дух, а како дар е присутна во секоја подготовка – објасни Папата.
А тој дар – продолжи Папата – се добива преку „прекрасното заземање на мајката и бабата, со нивната скапоцена работа во семејството; исто така верата можат да ја пренесат тетките и куќните помошнички. Се прашувам: зошто главно жените ја пренесуваат верата? Едноставно затоа бидејќи жена ни го донесе Исус, Исус го одбра тој пат, сакал да има мајка: како што Исус доаѓа преку Марија така и нам дарот на верата ни доаѓа преку жените – истакна Светиот Отец.
Денес пак треба да се запрашаме дали жените се свесни на своите обврски дека треба да ја пренесуваат верата. Павле го поттикнува Тимотеј да ја чува верата, избегнувајќи празни пагански брборења, световно озборување. Сите сме го примиле дарот на верата. Мораме да го чуваме за да не избледи, да го зајакнуваме со помош на Светиот Дух кој ни го дарува. Верата се чува оживувајќи го тој дар Божји – рече Папата додавајќи:
Ако секој ден не го оживуваме тој дар Божји односно верата тогаш таа слабее, се разводнува, се претвора во култура, како да не сум… имам христијанска култура, општо знаеме што е христијанство. Ги познавам сите верски вистини, го познавам многу добро катехизмот. А како ја живееш својата вера? Многу е важно секој ден да ја зајакнуваме својата вера, примениот дар: да го оживуваме. Стравот и срамежливоста пречат за растот на верата. Свети Павле вели да се потпираат на живата вера – потсети Папата.
Бог не ни го дал духот на стравот. Стравот е против дарот на верата, се спротивставува на нејзиниот раст, на напредувањето и цврстината. А срамот е ваков грев: верувам, но ја сокривам својата вера, не ја истакнувам… Таквиот човек седи на два стола, сè зависи од средината… Неговата вера како што велат старите е разводнета, тој се срами од својата вера, а верата не поднесува ниту страв, ниту срам. А што е верата? Верата е сила, љубов и разбирање – објасни Светиот Отец поттикнувајќи на молитва. Да го молиме Господ да ни подари искрена, бескромисна вера која не зависи од средината; секој ден да ја оживуваме својата вера или барем да се молиме на Светиот Дух да ја оживува мојата вера за да биде плодна – заврши Папата Фрањо.
РВ/Д.И.