Одгледувачите на гулаби од Радово се приклучија кон Синодалниот óд

Одгледувачите на гулаби од Радово се приклучија кон Синодалниот óд

Во неделата на 14 ноември 2021 година во парохиската црква „Свети пророк Илија“ во Радово за прв пат се одржа средба на одгледувачи на гулаби. Средбата започна со Света Литургија која ја предводеше отец Илија Стојанов во сослужение на отец д-р Зоран И. Стојанов, кој што одржа и пригодна проповед поврзана со светото Евангелие во кое се зборува за сејачот и семето, а на која додаде и еден многу убав пример за гулабите кои одлучиле со голема лага да се оделат од останатите гулаби и нивниот добар сопственик, па така сакајќи да станат слободни станале диви.

По светата Литургија, средбата продолжи во црковната сала во убава и пријатна атмосфера, каде се разменуваа мисли, искуства и шеги поврзани со оваа хоби.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија
Ознаки гулаби, Радово

За авторот