Овие се мали но важни дела на милосрдието кои можеш да ги направиш во текот на Годината на милосрдието

Бог Кој е милосрден го бара и нашето милосрдие. Ви претставуваме 55 начини како да бидете милосрдни во текот на Годината на милосрдието.Секоја недела обидете се по случаен избор да изберете едно дело на милосрдието и да го направите! (Ви дадовме идеи, на вас е следниот чекор!)

1.Спротивстави се на сарказмот – целосно е спротивен на милосрдието: „Постави, Господи, стража пред устата моја и врата на усните мои“ (Пс 140, 3)

2. Ослободи се од поседувањето: биде дарежлив кон оние во потреба.

3. Покани го оној кој знаеш дека е осамен, дури и ако знаеш зошто е осамен. Посебно ако знаеш.

4. Напиши писмо со прошка на оној кому треба да му простиш. Ако не можеш да го испратиш, попрскај го со благословена вода, замоли Го Исус Христос обајцата да ви подари милосрдие, па запали го или закопај го.

5. Научи да ја кажуваш оваа молитва: „Драги Боже благослови го (името на човекот кој те нервира) и покажи ми го своето милосрдие!“

6. Планирај мало поклонение до месното светилиште. Настојувај во текот на поклонението во себе да пробудиш желба за конкретно да ги живееш телесните дела на милосрдието.

7. Направи нешто љубезно и корисно за личноста со која не се согласуваш или ти направила нешто лошо.

8. Внимавај на своето однесување на интернет. Дали твојата објава е напишана така што твојот живот ќе го направи поубав отколку што е и ќе направи другите да се чувствуваат лошо? Ги напаѓаш ли луѓето за да ја задоволиш својата лутина и да ги понизиш другите?

9. Сочувствувај се со оние кои се со тебе на овој свет: пријателите и семејството, па дури и со странците за кои си слушнал/читал, а кои се наоѓаат во неволја.

10. Биди доволно внимателен дозволи другиот да ти помогне. Луѓето сакаат да се чувствуваат дека се потребни.

11. Ако не си сакал да го изнервираш другиот, признај му и побарај прошка.

12. Земи си време за молитва за да ги пронајдеш добрите квалитети на оној кој ти е тежок како човек. Направи го истото за секој член од семејството.

13. Испрати писмо, свеќе или друг знак на внимание некому кој ја изгубил својата сакана личност.

14. Понуди и на презафатената мајка неколку часа да и го причуваш детето за и таа малку да се одмори.

15. Подготви оброк на мајка која само што се продила или некому кој останал без саканата личност.

16. Контролирај го својот јазик.

17. Понуди помош (како купување намирници, носење работи, шетање, пеглање и сл) на зафатените родители или на сакана личност.

18. Ако барем кратко не можеш да седнеш покрај бездомник и да му го подариш своето време, донирај во здружението кое им помага.

19. Ако делиш слатки себе остави си го најмалиот дел.

20. Запамти ги 7 телесни и духовни дела на милосрдието и научи ги своите деца на нивното значење.

21. Наместо да го загубиш трпението со личноста во личната или онлајн комуникацијата обиди се да го разбереш нејзиниот страв. Замоли го Бог за истото што и Соломон молеше: „разумно срце“.

22. Понуди му на стар човек да го донесеш на света Литургија.

23. Одложи го мобилниот и доволно слушај го другиот гледајќи ги во очи.

24. Ако те посети човек кој се бори со алкохолот подобро напиј се некој безалкохолен пијалок.

25. Искористи распродажби и купи различна облека и хигиенски производи и донирај ги во Парохискиот Каритас или направи готов подарок – пакет и подари го на некој во потреба.

26. Прочитај ја енцикликата на свети Иван Павле II „Dives in misericordia“ (Богат со милосрдие) во текот на Јубилејот на милосрдието.

27. На крајот од денот побарај прошка од сите со кои живееш: „Гневете се, но не грешете: сонцето да не ве зајде во гневот ваш.“ (Ефес 4, 26)

28. Направи листа на своите „непријатели“ и секој ден сети се на нив во молитвата.

29. Сети се да се насмееш, да поздравиш или да започнеш разговор со некој кој не е во твоето секојдневно опкружување.

30. Подари нешто што навистина го сакаш на некој за кој знаеш дека ќе биде пресреќен да го има.

31. Моли Бројаница додека одиш на работа или се враќаш од работа.

32. Кога ти е тешко да бидеш милосрден моли Литанија на понизноста на кардинал Р. Мери дел Вала.

33. Направи книшка на благодарности за својот сопружник и во неа запиши мали работи за кои можеш да му бидеш бладогарен/благодарна. Гризни се за јазик или сети се на она што си го напишал/напишала кога следниот пат одлучиш да го критикуваш.

34. Секоја вечер направи испит на совеста. Мислата на Божјото милосрдие ќе ти помогне да бидеш милосрден.

35. На провокацијата одговори со почит со која би сакал таа личност да ја покаже кон тебе.

36. Моли ја Исусовата молитва: „Исусе Христе Сине Божји помилуј ме мене грешникот!“

37. Најди неделено барем половина час за да отидеш во Црквата, да седнеш пред дарохранителницата и да бидеш со Исус, милосрдниот Господ. Ако не успееш да најдеш време да одиш во Црквата, медитирај пред крстот.

38. Измоли деветница за некој кој не го сакаш.

39. Седни и напиши писмо до личноста која сакаш да и покажеш колку тие важна.

40. Понуди се да му читаш некому кој е болен или не се чувствува добро.

41. Замоли Го Светиот Дух да ти даде сила кога не можеш да молиш за оној кој нешто лошо ти направил.

42. Во текот на разговорот секогаш избирај убави зборови.

43. Ако разговорот премине во озборување, промени ја темата.

44. Знаеш да свириш клавир, гитара или некој друг инструмент? Знаеш да рецитираш? Подари го своето време и знаење и подготви бесплатен концерт во домот за деца, за стари лица или во болница.

45. Посети ги гробовите на своите предци или посети ги локалните гробишта молејќи за сите покојни.

46. Дозволи си нешто што те прави весел – себе и луѓето околу себе кои знаат дека тоа ти е потребно и се радуваат заради тебе. И тоа е облик на милосрдие. Ако сепак не можеш, обиди се барем да пронајдеш ден, вечер или некој момент за себе.

47. Признај дека си љубоморен – и себе си и на оној кому му љубомориш.

48. Понуди се да молиш со некој, па макар тој човек да си го сретнал на улица или во јавен превоз, а изгледа дека молитвата му е потребна.

49. Имај во себе свети икони, кратки молитви или благословени предмети и подари ги на другите.

50. Понуди гостопримство во својот дом на луѓе или на групи на луѓе кои никогаш не би ги поканил на гости.

51. Обиди се да организираш дружење во својата парохија.

52. Ако некој кој го познаваш ослабнал во верата сподели ја со него својата вера – раскажи му како Исус го променил твојот живот.

53. Ако сè уште не си прочитај некоја книга на папата Бенедикт XVI. Ќе се изненадиш!

54. Секој ден моли за душите во чистилиштето.

55. Моли ја Бројаницата на Божјото милосрдие.

Битно.нет/к.мк/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
Категорија: Размислување, Свет

За авторот