Стариот и новиот човек во нас

Во човекот се води борба помеѓу два света. Од една страна е идеалниот свет по кој се воодушевува нашето идеално ЈАС, новиот човек во нас, а од друга страна е светот на потребите и желбите кои сака да ги задоволи нашето вистинско ЈАС, или стариот човек во нас како го нарекува свети Павле.

Формирање на вистинското јас

Човекот како личност делува како една целина. Но, во таа целина човекот открива повеќе различни света, но и повеќе различни структури на вистинското и идеалното Јас. На вистинското ЈАС примарна желба му е да ги задоволи своите потреби. Се нарекува вистинско ЈАС, бидејќи ме означува мене токму таква каква што сум. Во своето основно делување вистинското Јас е мотивирано од свесните и несвесните мои желби и потреби кои бараат да се задоволат. Во целокупниот развој на особини, прво се формира структурата на вистинското јас.

Вистинското јас, сака да ги задоволи сите свои потреби и желби, а притоа не прашувајќи се дали смее или не смее да го направи тоа, односно дали тоа ми користи или не. Вистинското јас е под големо влијание и присила на автоматското однесување, кое по својот карактер е незаситено, бидејќи секоја задоволена желба и потреба во прво време мирува, а потоа се буди и станува уште понапорна. Колку повеке ја здоволуваме, таа станува сѐпоголема, сѐдодека нашето тело тоа може да го поднесе.Но, проблем е тоа што нашето вистинско јас е голем дел од нашиот несвесен карактер, а тоа значи дека во своето однесуваење е мотивиран, или подобро кажано, присилен да делува по диктат на нашите потиснати желби, незадоволените потреби, разните стравови и конфликти, а за кои не сме ни свесни.

Формирање на идеалното јас

Втора структура на нашата личност е идеалното јас. Тоа е она наше јас кое тежи кон идеалите, кон висините, кои сака да направи нешто големо и убаво за Бог и луѓето. Идеалното јас е она што ЈАС би сакала и би требала да бидам. Идеалното јас сака да живее како што Исус живееше. Тоа сака да ја врши Божјата волја. Него го мотивираат идеали, односно објективни вредности. Тоа сака да прави само добрини и подготвено е да ја плати цената за тоа. Идеалното ЈАС е онаа најубавото во нас.

Фактот дека сме создадени по слика Божја ни помага полесно да го сфатиме карактерот на нашето идеално јас. Во длабочината на срцето кај луѓето постои една искра на добрина и човечност, еден копнеж кон БОГ, најголемото добро.

Додека е човекот жив, таа искра во него тлее, а воедно и гори од желба да се распламти и да ја запали личноста со оганот на љубовта. Но, таа искра може да биде потисната, блокирана, заробена. Штом разумот донекаде успее да се откине од вродената себичност, идеалното јас почнува да ги открива и да се воодушевува на објективните вредности .

Човекот е созден од Господ за вечна среќа и живот со Бога и во Бога низ целата вечност. За да ја оствари таа цел, човекот треба да се поверуваво Бог, односно да поверува во љубовта Божја и со своите дела на љубов кон Господ и ближните да го оствари Божјиот план и способен да влезе во живот вецен. На тој пат Господ му дава сила на човекот со својата милост и ми помага во него да надвладее неговото идеално јас и да научи несебично да сака.

Стариот човек во нас нѐ излудува со своите илузии, вели свети Павле и не влече во минатото, додека новиот човек, односно нашето идеално јас ја гледа иднината и конечна цел му е влезот во живот вечен, во полнотата на љубовта и радоста кој Господ ја подготвува за оние кои го љубат. На крајот од својот живот човекот во вечноста ја води најаката особина. Човечката задача на овој свет е да го вразуми со милоста Божја стариот човек во себе,а да го засили и да допушти неговиот живот да го води нов човек кој во своите одлуки и желби е еднаков на Божјите желби и замисли.

Битно нет/Ж.П.

За авторот