Хаити: Ден на молитва за ослободување на сите киднапирани лица

Хаити: Ден на молитва за ослободување на сите киднапирани лица

Надбискупијата Порт-о-Пренс и Конференцијата на монасите и монахињите на Хаити најавија дека во среда, 24 јануари 2024 година, ќе биде посветен на молитва, медитација и евхаристиско обожавање. Сите верници од Хаити се повикани да организираат синџир на непрекинати молитви за ослободување на осум лица, вклучително и шест монахињи, кои беа киднапирани во петокот.

Мора да престанат да го газат неотуѓивото достоинство на Божјите деца! – е повикот што доаѓа од срцето на надбискупот од Порт-О Принс и претседател на Бискупската конференција на Хаити, Макс Лерој Месидор и отец Морашел Боном, претседател на Конференцијата на монасите и монахињи на Хаити. Во заедничкото соопштение за печатот објавено во понеделник, 22 јануари 2024 година, надбискупот Месидор и отец Боном силно и одлучно го осудија киднапирањето во петокот на 19 јануари кога беа киднапирани осум лица, меѓу кои и шест монахињи од Конгрегацијата на сестрите на Света Ана, заедно со нивниот возач и сопатник од минибусот што ги превезувал.

Киднапирањето е зло

Изразувајќи ја својата солидарност со семејствата на сите други киднапирани лица, надбискупот Месидор и отец Боном ги повикаа политичките претставници на Хаити да ја преземат својата одговорност: „Време е да се преземат неопходните мерки за да се искорени злото на киднапирањата и насилство извршено од вооружени групи, кои ја туркаат земјата во сè покомплицирана и хаотична состојба“.

Ден на молитва за нивно ослободување

Потписниците на соопштението потоа директно им се обратија на киднаперите, барајќи итно и безусловно ослободување на сите киднапирани. „Во името на Бога, од кого треба да се плашите, престанете со овие подмолни и злосторнички дејствија што ја осквернуваат оваа света земја, која ни ја даде Господ! На крајот, надбискупот Месидор и отец Боном најавија дека среда, 24 јануари, ќе биде посветена на молитва, медитација и евхаристиско обожавање. Ги повикаа сите свештеници, монаси и монахињи и мирјани да организираат во сите парохии и заедници синџир на молитви за ослободување на киднапираните и за нивните семејства.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот