Објавена пораката на Папата за Светскиот ден на средствата за социјална комуникација 2020
На празникот свети Фрањо Салешки, во петокот на 24 јануари е објавена пораката на папата Фрањо за 54. Светски ден на средствата за социјална комуникација.
Темата на овогодинешната порака е „Да им прикажувате на чедата ваши и на внуците ваши“ (2 Мој 10,2). Животот станува историја.
Во време во кое фалсификувањето станува сè пософитицирано, достигнувајќи експоненцијални нивоа (deepfake), потребна ни е мудрост за да примаме и создаваме убави, вистинити и добри приказни. Потребна ни е храброст за да ги отфрлиме оние лажните и злите. Потребно ни е трпение и расудување за повторно да ги откриеме приказните кои ни помагаат да не ја загубиме нишката помеѓу многуте денешни поделби; приказни кои ја откриваат вистината за нас самите, пишува Папата во својата порака.
Библијата е голема историја на љубовта помеѓу Бог и човекот. Во центарот е Исус: неговата историја донесува исполнување на Божјата љубов кон човекот и истовремено човековата историја, љубов кон Бог. Човечкиот род е повикан, од колено на колено да го проповеда и обновува сеќавањето на најразличните настани и истории, истакнува Папата.
Секоја година на 24 јануари, Папата објавува порака за претстојниот Светски ден на социјална комуникација. На 24 јануари е празник на Свети Фрањо од Салес, кој е прогласен за патрон на новинарите во 1922 година. Оваа година Светскиот ден на средствата за социјална комуникација ќе се одбележи во недела 24 мај.
Ватикан њуз/к.мк