Дикастеријата за лаици, семејство и живот заедно со Римската бискупија објавија официјална молитва за 10. Светска средба на семејства во Рим од 22 до 26 јуни 2022 година.
Префектот на Дикастеријата кардиналот Јозеф Кевин Фарел истакна дека „молитвата е начин на продирање во самата срж на Годината Amoris Laetitia, која ќе заврши со Светската средба на семејства наредната година.
Генералниот викар на Римската бискупија кардиналот Анџело де Донатис порача и дека молитвата ќе биде во самиот центар на подготовките за средбата на семејствата. „Таа ќе ја води нашата работа и ќе ги вдахнува размислувањата за во светло на верата да ги препознаеме новите предизвици кои ги поставува пандемијата пред црковните заедници кога станува збор за семејството.“ Заради тоа ги повикува сите семејства во својот дом и во парохиската заедница нека ја молат таа молитва како подготовка за таа средба.
Молитвата е вдахната од темата на средбата „Семејна љубов: повик и пат до светоста.“ Во неа се моли Господ да ги благослови сите семејства за како мали домашни Цркви секогаш да го сведочат неговото присуство. Исто така се моли за сите семејства кои стрдаат, децата и младите и родителите, бабите и дедовците.
Ватикан њуз/к.мк