Неоерејот Ванчо Назов служеше Литургија во Нова Маала и Чанаклија

Во недела на 31 јануари 2016 година во филијалата свети великомаченик Георги во Чанаклија и во парохијата „Успение на Пресвета Богородица“ во Нова Маала, новоракоположениот о. Ванчо Назов служеше света Литургија заедно со домашниот парох о. Спасо Ристов.

На крајот од Литургијата о. Спасо Ристов во име на присутните се заблагодари за оваа Литургија и за упатеното духовно слово и му посака плодна и храбра работа во полето на Божјото лозје.

Потоа неоерејот о. Ванчо Назов на присутните верници им подели неоерејски благослов, а во спомен на неговото ракополагање им подари мали икони.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот