Распоред на светите Литургии кои ќе ги предводи епископот Стојанов за Божиќ

Распоред на светите Литургии кои ќе ги предводи епископот Стојанов за Божиќ

По повод празникот Рождество Христово – Божиќ, според јулијанскиот календар, го објавуваме распоредот на светите Литургии кои ќе ги предводи Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх, монсињор д-р Киро Стојанов.

Во сабота 6 јануари 2024 година во 21.30 часот епископот Стојанов ќе служи божиќна света архиерејска Литургија во Катедралата „Успение на Пресвета Богородица“Струмица

На првиот ден од Божиќ, 7 јануари 2024 година во 10.00 часот Н.В.П. монсињор Киро Стојанов ќе служи света архиерејска Литургија во парохиската црква „Успение на Пресвета Богородица“ – Нова Маала.

На вториот ден од Божиќ, 8 јануари 2024 година, кога Црквата го слави празникот Собор на Пресвета Богородица и Светото Семејство епископот Стојанов во 10.00 часот ќе служи света архиерејска Литургија во парохиската црква „Свети Пророк Илија“ – Радово.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот