Ви го пренесуваме размислување за Четвртата недела по Педесетница според Евангелието од Матеј 8,5-13 кое е објавено на социјалните мрежи на Радио Марија
Кога Исус влезе во Капернаум, Му се приближи еден стотник и Го молеше, велејќи: „Господи, мојот слуга лежи дома парализиран и многу страда.“ А Исус му одговори: „Ќе дојдам и ќе го излечам.“ Стотникот пак рече: „Господи, не сум достоен да влезеш под мојот покрив; но кажи само збор, и мојот слуга ќе оздрави. Зашто и јас сум човек поставен под власт, а имам и потчинети војници; кога ќе му речам на еден: ‘Оди!’, тој оди; на друг: ‘Дојди!’, и тој доаѓа; и на слугата: ‘Направи го тоа!’, и тој го прави.“ Кога го чу тоа, Исус се зачуди и им рече на оние што Го следеа: „Вистина ви велам, ни во Израел не најдов толку голема вера. И ви велам: мнозина ќе дојдат од исток и од запад и ќе седнат на трпеза со Авраам, Исак и Јаков во Царството небесно. А синовите на царството ќе бидат фрлени во крајната темнина, каде што ќе биде плач и крцкање со заби.“ И му рече Исус на стотникот: „Оди си, и како што си поверувал, нека ти биде!“ И во истиот час слугата негов оздраве.