Ви го пренесуваме размислување за Осмата недела по Педесетница според Евангелието од Матеј 14,14-22 кое е објавено на социјалните мрежи на Радио Марија.
Од светотo Евангелие според Матеј (14,14-22)
И кога излезе Исус, виде многу свет; и се смили над нив и ги излекува нивните болни. А на стемнување Му пристапија учениците и Му рекоа: „Овде е местово пусто, а и доцна е веќе; пушти го народот да отиде по селата и да си купи храна.“ Но Исус им одговори: „Нема потреба да одат; дајте им вие да јадат.“ Тие Му рекоа: „Имаме само пет лебови и две риби.“ А Он им рече: „Донесете Ми ги тука.“
И кога им заповеда на луѓето да седнат по тревата, ги зеде петте лебови и двете риби, погледна кон небото, ги благослови, ги прекрши и ги даде на учениците, а учениците – на народот.
И јадеа сите и се наситија; и собраа дванаесет кошеви полни со останати парчиња. А оние што јадеа беа околу пет илјади мажи, освен жените и децата.
И веднаш ги упати Исус учениците Свои да влезат во коработ и да одат пред Него на другата страна, додека Он го распушта народот.
к.мк