Недела на надеж за Европа во Брисел

Брисел, 28.6.2013 /к.мк/ – Прва порака која сакаме да ја испратиме е дека сме присутни. Црквата во Европа, Црквата за Европа, Црквата во срцето на Европа. Оваа недела на надеж ни дава можност да покажеме дека Црквата е сопатник и е во служба на сите оние кои настојуваат на Европа да и дадат душа – со овие зборови, како што пренесува агенцијата СИР, о. Патрик Даили, главен секретар на Советот на епископски конференции на земјите членки на Европската унија (COMECE), ја претстави „Неделата на надеж“, настан кој започна на 24 јуни во капелата Европа во Брисел.

Прва настан на европската недела на надеж помина во знак на молитва и размислување за ликот на блажениот Керзиј Попиелушка и неговиот живот поминат во полското работничко движење, кој се дарува за слобода и општествена праведност. И покрај заплашувањата од комунистичкиот режим, никогаш не престана да го проповеда Евангелието. Неговите проповеди беа слушани секогаш од огромно мноштво народ, сè до 19 октомври 1984 кога од страна на тајната полиција е киднапиран и убиен.

По размислувањето за полскиот блаженик, со напеви од Тезе и читање на псалми, секој на сопствениот јазик молеше за оние кои и денес живеат во страдање, а сепак не го одбраа патот на насилство или одмазда, туку секогаш го одбираат патот на мир, како и за оние кои се заземаат за солидарност и праведност. (го*ко)

Категорија: Свет

За авторот

Write a Comment

<