Во 2021 година се убиени 22 мисионер

Во 2021 година се убиени 22 мисионер

Според податоците кои ги собра Агенцијата Фидес африканските земји за жал предничат во светот по бројот на убиените мисионери. После тој континент следат Америка, Азија и Европа. Од 2000 до 2020 година во светот се убиени 536 евангелизатори.

Тажни се последните страници на 2021 година која завршува со тажен податок – во светот се убиени 22 мисионери. Станува збор за 13 свештеници, еден монах, две монахињи и 6 лаици – е истакнато во извештајот на Агенцијата Фидес за мисионерите убиени во текот на ова година. Најголем број убиства се забележани во Африка каде се убиени 11 мисионери (7 свештеници 2 монахињи и двајца лаици). После тоа следува америка со 7 убиени мисионери (4 свештеници, 1 монах и 2 лаици), Азија со 3 убиени мисионери (1 свештеник и 2 лаици) и Европа каде е убиен еден свештеник. Како и минатите години, Африка и Америка повторно се на врвот на драматичната скала која покажува дека од 2000 до 2020 година во светот се убиени 536 мисионери. (…)

Меѓу убиените мисионери има и верници католици кои на некој начин се вклучени во пасторална активност, а кои починале со насилна смрт, не конкретно „од омраза кон верата.“ Имено во пораст е бројот на убиените лаици, катехисти и други, дури и во вооружени конфликти меѓу заедниците како што на пример се случи во Јужен Судан. Тоа се случи и во Мексико каде со огнено оружје е убиен 42 годишниот италијанец Микеле Колосио координатор на проектот за образование на децата во најсиромашните селски подрачја. (…)

Големо насилство има и во Мјанмар каде конфликтот поприма облик на „болна и ужасна суровост“, како што рече кардиналот Чарлс Маунг Бо, надбискупот на Јангон и претседател на Епископската конференција. Во селото Мо Со на Бадник на 24 декември се убиени најмалку 35 католици цивили, меѓу кои има жени и деца кои бегал после воената офанзија. Нивните тела се запалени.

Во Европа пак е тешко да се заборави убиството во Франција отец Оливиера Маире, провинциски поглавар на Дружбата Мариина (монфортанци) кој на 9 август го уби граѓанин на Руанда за кој долго се грижел. (…)

„Како христијани не можеме да го држиме Господ само за себе“ – напиша папата Фрањо во пораката за овогодинешниот Светски мисиски ден – „евангелзиациското послание на Црквата ја изразува својата целосна и јавна вредност во преобразувањето на светот и во грижата за целото создание.“ Тоа е задача која убиените мисионери ја извршиле до крај свесни за фактот дека не можеле да не го сведочат Евангелието со силата на сопствениот живот даруван од љубов борејќи се секој ден, мирно против ароганцијата, насилството и војната.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот