На пат за Гевгелија, Богданци, Паљурци, Дојран…

На пат за Гевгелија, Богданци, Паљурци, Дојран…

Во среда 21 јуни 2017 година децата од веронаучната група од парохијата Свети Иван Крстител – Струмица со своите свештеници о. Гоце Костов и о. Атанас Сирачев ги посетија парохиските цркви во Гевгелија и Богданци, како и Паљурци и Дојран.

Денот децата го започнаа со молитва во парохиската црква во Струмица, а прва дестинација беше манастирот на монашката заедница на сестрите Евхаристинки и парохиската црква „Свети Петар и Павле“ во Гевгелија. Децата срдечно беа пречекани од сестрите Евхаристинки и заедно во Црквата се помолија. Потоа сестра Еврозија Стојанова ги запозна со црквата и пасторалната работа на сестрите Евхаристинки.

Во парохиската црква „Свети Кирил и Методиј“ – Богданци отец Тома Ангелов во заедништво со свештениците и во присуство на децата од парохијата „Свети Иван Крстител“ – Струмица ја предводеше светата Литургија. На крајот од Литургијата тој им се обрати на децата и ги запозна со историјата на парохијата и Паљурци, а на крајот за спомен децата добија икона на свети Павле и Света Бројаница.

Во понатамошниот дел децата го посетија Паљурци и Дојран.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот