Видео порака на папата до свештениците во Венецуела

Видео порака на папата до свештениците во Венецуела

Во вторник на 19 јануари, папата Фрањо испрати видео порака до бискупиското и монашкото свештенство во Венецуела, во кое ги повикува свештениците на љубов кон несаканите како и тие во оваа време на криза би ја почувствувале „вашата близина, поддршка и љубов“.

Во центар на видео пораката на Папата на шпански јазик, по повод виртуелната средба на бискупите, бискупското и монашкото свештенство во Венецуела организирана од Бискупската конференција на Венецуела, е со тема: „Нашите свештеници во пандемијата: Нивното искуство и министријалната служба во овој период“.

Господ секогаш, а посебно во ова време, бара од нас да ги сакаме другите и да знаеме како да им покажеме преку едноставноста на секојдневните гестови наљубов и внимание, Божјата нежност. Алудирајќи на познатата мисла на свети Павле VI. Папата рече дека свештениците мора да бидат „искусни во човекољубието“.

Тој исто така сака да бидеме служители на нашите браќа, но понизни служители затоа што токму Исус нè повикува и нè потсетува дека слугата не е поголем од својот Господар, ниту пак испратениот е поголем од оној кој го пратил – рече Папата, повикувајќи ги свештениците да ја оживеат желбата во себе. да се огледаат на Добриот Пастир и да научат да бидат „слуги“ на сите, посебно на браќата и сестрите кои животот не ги милувал и кои понекогаш се отфрлени и обидете се во ова време на криза да ја почувствуваат вашата близина, поддршка и љубов.

Светиот Отец на крајот ги повикува свештениците со радост и одлучност да работат, обновувајќи го „дарот“ од себе „за Господа и на неговиот свет народ“.

Господ нека ја благослови и придружува вашата работа, вашето срце, вашите, колената кога молите. Нека ги благослови и придружува вашите надежи, добри намери и, пред сè, нека го благослови и придружува вашето единство. Браќа, нека нема поделби меѓу вас! Нека нема расправии меѓу вас! Секогаш постои можност за единство. Исто како што секогаш постои можност за изолација и партизација што нема никаква врска со единството на Црквата“ – рече Папата на крајот од видео пораката упатена до свештениците во Венецуела.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот