Во пресрет на патрониот празник на парохијата Пресвето Срце Исусово во Битола во вторник 4 јуни 2024 година со почеток во 18.00 часот во парохиската црква во Битола започнува Тродневница со света Литургија, која ќе ја предводи парохот дон Томаш Бак. На вториот и третиот ден Тродневницата исто така започнува во 18.00 часот.
Централната прослава на патрониот празник ќе биде во петок 7 јуни 2024 година со Света Литургија во 18.00 часот која ќе ја предводи отец Тони Ангелов.
По завршувањето на светата Литургија следува заедничко агапе.
За авторот
Слични написи
Пет години од објавување на веста за воздигнување на Апостолскиот егзархат во Македонија во Епархија

