Во пресрет на празникот Успение на Пресвета Богородица, во четврток 27 август 2020 година со почеток во 19.00 часот епикопот Киро Стојанов, Скопски бискуп и епископ Струмичко – скопски ќе служи света архиерејска Литургија во парохиската црква „Успение на Пресвета Богородица“ во Нова Маала.
По повод патрониот празник на Катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“ – Струмица, на 28 август 2020 година со почеток во 10.30 часот, Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епископ Струмичко – скопски ќе служи света Архиерејска Литургија во заедништво со свештеници од Струмичко – скопската епархија и Скопска бискупија.
Присуството на богослужбите е со задолжително почитување на мерките за заштита од коронавирусот препорачани од надлежните институции.
к.мк