Насилството врз жените ја понижува човечката природа

Њујорк, 23.4.2013 /к.мк/ – Силувањето на жените како воено средство, е „навреда за совеста на човештвото“, а сите држави и меѓународната заедница би морале да спречат силувањето на жените да биде воено средство – нагласи архиепископот Францис Куликат, постојан набљудувач на Светата Столица при Обединетите нации, говорејќи на 17 април на седницата за жени, мир и сигурност.

Постојаните сцени на сексуално насилство – рече архиепископот – обесхрабруваат и жалостат, имајќи ја во предвид улогата на „сојузниците за мир“, во кои жените ги има во многу воени контексти. Тие одвратни работи имаат разни извори – објаснува архиепископот цитирајќи ги извештаите на главниот секретар на Обединетите нации, додавајќи дека е разочарувачко што покрај сѐ не се истакнати како „цел на напад“, кои се темелат на верските определби, кои и покрај тоа се случуват во разни делови на светот – истакна архиепископот.

Насилството против жените е понижување на женското достоинство, а исто така и достоинството на агресорот, кои со такви дела ја обезвреднува својата човечка природа. Претставникот на Светата Столица говореше и за превентивните мерки, истакнувајќи ја важноста на казнените закони, кои ги штитат жртвите на насилството и овозможуват гонење на одговорните.

Освен тоа архиепископот ја истакна важноста за подршката на жртвите, кои нивната држава најчесто ги маргинилизира. Во поглед на тоа архиепископот потсети, дека абортусот претставува „дополнително насилство врз жената во тешкоти“, на која напротив треба да и се даде секаков вид на помош: материјална, општествена и духовна.

 

Категорија: Свет

За авторот

Write a Comment

<