Напад на Црква во Танзанија

Додома 8.5.2013 /к.мк/ – Најмалку едно лице загина, а повеќе се повредени во веројатно бомбашки напад во недела на 5 мај над една Католичка црква во танзанискиот град Аруши, јави BBС, а пренесува а Катпрес. Според полицијата, експлозивна направа експлодирала на осветувањето на новата црква во предградието Оласити и една жена загинала од експлозијата.

Парохот во Аруша, отец Педи извести, како што јавува швајцарската католичка информативна агенција (АРIС), за тројца загинати бидејќи две лица умреле на патот кон болницата.

На светата Литургија за осветување на Црквата учествувале, меѓу другите, и Апостолскиот нунциј Франциско Падиља и архиепископот на Аруше Јозафат Луис Лебулу. Двајцата не се повредени од експлозијата. Позадината на наводниот напад се уште не е позната.

Аруша се наоѓа на танзаниско подрачје населено претежно со христијани. Во 2012 година и од почетокот на оваа година имало во Занзибар, архипелаг кој припаѓа на Танзанија, неколку напади и смртни закани за католичките свештеници и епископи. Во февруари еден монах е убиен од непознати напаѓачи. Мета на напади биле и џамии, како и тамошните муслимански духовни водачи.

Б.У

Категорија: Свет

За авторот

Write a Comment

<