Надбискупот Целестино Миљиоре, нов нунциј во Русија

За апостолски нунциј во Руската Федерација, Папата го именува надбискупот Челестино Миљиоре, кој досега беше нунциј во Полска.

Надбискупот Миљиоре е роден 1952 година во градот Кунео во покраината Пиемонт. За свештеник е ракоположен во 1977 година. После завршувањето на црковната академија во дипломатска служба при Светиот Престол пристапи во 1980 година. Во почетокот беше на служба во претставништвата на Светиот Престол во Ангола, Египет и Полска.

За постојан набљудувач на Светиот Престол при Европскиот совет е именуван во 1992 година. Од 1995 до 2002 година беше заменик секретар во оделот на Државниот секретаријат за односи со државите. За постојан набљудувач на Светиот Престол при Организацијата на Обединетите Нации е именуван во 2002 година. Свети Иван Павле II го ракоположи за бискуп на 6. јануари 2003, а за апостолски нунциј во Полска е именуван во 2010 година.

РВ/Б.Р.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот