Надбискупот на Банги прошета низ муслимански кварт
Папата дојде како ходочасник да нè повика на мир. Ние сега во својата земја мораме да бидеме ходочасници на мирот – рече за агенцијата Фидес надбискупот на главниот град на Централноафриканската Република Диедоне Нзапалаинга истакнувајќи ја својата прошетка низ муслиманскиот кварт PK5 во Банги.
Папата дојде како ходочасник да нè повика на мир. Ние сега во својата земја мораме да бидеме ходочасници на мирот – рече за агенцијата Фидес надбискупот на главниот град на ЦентралноафриканскатаРепублика Диедоне Нзапалаинга толкувајќи ја својата прошетка низ муслиманскиот кварт PK5 во Банги, по минатонеделните тензии бидејќи поранешниот претседател Франсоа Боизе не влезе во кандидатурата за нов претседател.
Во муслиманскиот кварт PK5 надбискупот на 9 декември излезе од автомобилот и во колоната на мирот заедно со младите продолжи да оди поздравувајќи ги сите кои ги сретна на улицата. Мораме да го срушиме ѕидот на стравот и недовербата за да одиме во пресрет на другите, ги поздрави и разговараше со нив – објасни надбискупот Нзапалаинга.
Низ квартот одев како ходочасник на мирот повикувајќи ги сите едни со други да се прифатат и взаемно да се почитуваат и заедно да ја градат државата врз основите на помирувањето, а тоа ни го препорача и папата Фрањо. Во поглед на посетата на Папата на ЦентралноафриканскатаРепублика надбискупот рече дека први муслимани кажале: „Папата дојде, сакаме мир не сакаме војна.“
Папата на муслимаската заедница им оставил голем впечаток. Веажно е тоа дека во квартот PK5 младите муслимани го положиле оружјето за да разговараат со своите христијански браќа. Духот кој Папата го донесе сè уште дува во земјата – заврши надбискупот Нзапалаинга.
РВ/к.мк/Д.И.