Монс. Сако: Великиот пост е привилегиран момент

Монс. Сако: Великиот пост е привилегиран момент

По повод почетокот на Великиот пост, Халдејскиот патријарх во Ирак, Луис Рафаел Сако, упати пораката до верниците, во која ги истакнува основните обврски на христијаните во подготовката за Христовата Пасха.

Секојдневен пост, учество во Литургија, молитва за мир и стабилност во земјата и целиот регион; секојдневно читање и размислување за Библијата; правење на милосрдни дела; откажување од критиките кон други; стремеж кон единство со другите христијани со отворено срце и воспоставување христијанско-исламски соживот со љубовта на која Христа нè учи,“ вели во пораката на монс. Сако.

Период на Великиот пост е привилегиран момент за да се посветиме на Светото Писмо и да се подготвиме за Христовото воскресение“, вели Халдејскиот патријарх. „Но, исто така, и време е за да се ограничиме од „храната и пијалакот, да се стави крај на незаконските врски и нечесните дејствувања, правејќи напори да се очистиме од сите желби, амбиции и да практикуваме аскетизам.“

„Христијаните отсекогаш имале историско присуство во оваа земја и имаат важна улога и своја порака. Мораме да ја преземеме нашата одговорност преку отворен дијалог, мудрост и визија за да постигнеме соживот со другите за да постигнеме мир, стабилност, слобода и достоинство за сите“ – вели патријархот Сако.

На крајот, Халдејскиот патријарх истакнува конкретни чекори за постигнување на мирот во земјата: „Мирот во Ирак може да се постигне со политичка победа, административни реформи и економско заживување кое ги штити јавните средства од нечесните.“

РВ/к.мк

 

Категорија: Вести, Свет

За авторот