Монсињор Урбанчик на конференцијата на ОБСЕ: Војната е неуспех на меѓународното владеење на правото
Монсињор Јануш Урбанчик, постојан набљудувач на Светиот Престол во Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), зборуваше за загрозеноста за основните слободи за време на вооружениот конфликт на конференцијата за меѓународна соработка во Виена на тема меѓународната соработка во борба против прекршувањата на меѓународното хуманитарно право и меѓународните човекови права.
Војнатата само по себе е кршење на меѓународниот правен поредок и претставува длабок неуспех на меѓународното владеење на правото, рече монсињор Јануш Урбанчик на крајот од конференцијата на ОБСЕ.
Мирот се заснова на почитување на основните човекови права според Завршниот акт од Хелсинки од 1975 година, потсети Постојаниот набљудувач на Светиот Престол. Универзалните човекови права и основни слободи се признати како суштински фактори за мир, правда и просперитет, неопходни за гарантирање на развојот на пријателските односи и меѓусебната соработка, како и меѓу државите. Затоа, секое кршење на универзалните човекови права и основни слободи е закана за мирот.
Монсињор Урбанчик потоа потсети на зборовите на папата Фрањо, кои тој ги повторува од почетокот на инвазијата на Украина. Светиот Отец го привлекува вниманието за континуираното кршење на основните човекови права, инсистирајќи на обновување на меѓународните права. Крвта и солзите на децата, страдањата на жените и мажите кои ја бранат својата земја или бегаат од бомбите, ја потресуваат нашата совест. На човештвото повторно му се заканува изопачена злоупотреба на моќта и еднострани интереси, кои ги осудуваат беспомошните луѓе на сите форми на сурово насилство, напиша Светиот Отец во пораката до монсињор Гинтарас Грусас, надбискупот од Вилнус и претседател на Советот на европските бискупски конференции (CCEE).
Светиот Престол отсекогаш е убеден, заклучи монсињор Урбанчик, безбедноста и мирот да се обликуваат со секојдневните напори за воспоставување уреден свет според Божјата волја, со посовршена правда меѓу луѓето. Тој поредок и таа правда не се засноваат на силата на воената моќ, туку на искреното почитување на одбраната и промоцијата на универзалните човекови права и основни слободи, чии прекршувања никогаш нема да престанат да ја вознемируваат нашата совест.
Ватикан њуз/к.мк