Монсињор Марини именуван за бискуп во Тортоно

Монсињор Марини именуван за бискуп во Тортоно

На 29 август, папата Фрањо го именува долгогодишниот раководител на папските литургиски славења, монс. Гвидо Марини (56) за бискуп во бискупијата Тортона (Пиемонт) на северот на Италија, објави Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

Монсињор Гвидо Марини е роден во Џенова, докторирал канонско право, а дипломирал психологијата во комуникацијата. Во октомври 2007 година, Бенедикт XVI. го именува за раководител на папските литургиски славења и таа служба ја врши 14 години.

Папата Фрањо во 2014 година го потврди монс. Марини во службата, а во јануари 2019 година го именува за одговорен за хорот на Систинската капела. Монсињор Марини учествуваше во подготовката на историската молитва на Папата за крај на пандемијата на коронавирус на 27 март 2020 година на празниот и дождлив плоштад Свети Петар во Ватикан.

Монсињор Марини во Тортона – Пиемонт ќе го наследи во служба бискупот Франческо Виола, кого Папата неодамна го именува за секретар на Конгрегацијата за богослужби и Свети Тајни. Сѐ уште не е познато кој ќе биде новиот церемонијар на Папата.

к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот