Молитвени накани за Светата Бројаница во парохијата „Свети пророк Илија“ во Радово

Молитвени накани за Светата Бројаница во парохијата „Свети пророк Илија“ во Радово

Парохијата „Свети пророк Илија“ од Радово во рамки на Октомвриската побожност – Месецот на Светата Бројаница објави седмичен распоред со наканите за молењето на Светата Бројаница.Во Недела – за слава Божја

– Понеделник – за Црквата Христова, за Светиот Отец папата Фрањо и за нашиот епископ Киро Стојанов

– Вторник – за парохијата и свештениците

– Среда – за семејствата

– Четврток – за духовни звања

– Петок – за покојните од семејствата и душите во чистилиштето

– Сабота – за неродените деца и изгубените души

Светата Бројаница се моли во парохиската црква во недела, четврток и сабота, додека останатите денови се препорачува во кругот на семејствата да се моли света Бројаница со наканите дадени за целата парохија. Ако во некој ден семејството не е во можност да се собере и моли заеднички се препорачува поединечно да се моли.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот