Молитвениот бран против гладот во светот „помина“ и низ Македонија
Во својата видео порака папата Фрањо на 10 декември ги повика сите луѓе од светот да ја подржат новата кампања на Каритас Интернационалис против гладот во светот.
Во кампањата започна на 10 декември точно на пладне, во која се вклучија и сите парохии од Апостолскиот егзархат во Македонија со 30 минутна молитва. И покрај тоа што е работен ден, вклученоста на верниците во „Молитвениот бран“ сепак беше голем.
Апостолскиот Егзарх во Македонија монс. д-р Киро Стојанов, пренесувајќи го повикот од престедателот на Каритас Интернационалис, Неговата Еминенција Оскар Андрез Кардинал Родригез Марадијага, потполно ја подржа оваа кампања во парохиите на Скопска бискупија и Апостослкиот егзархат.
Според податоците, околу една милијарда луѓе од човештвото страда од хронична глас или неисхранетост, а таквата ситуација папата Фрањо во својата видео порака ја нарече „Соблаза на светот“.
го*ко