Молитвена осмина за единство на христијаните
Молитвената осмина за единство на христијаните (18-25 јануари) оваа година во целиот свет ќе се одржи под мото од евангелието според Иван: „Дај ми да пијам“ (4,7). По тој повод во Скопје ќе се одржат екуменски средби во склоп на Молитвената осмина за единство на христијаните и тоа според следниот редослед:
Недела, 18 јануари 2015 година – Католичка катедрала Пресвето Срце Исусово,Скопје со почеток во 19 часот
Среда 21 јануари 2015 година – Евангелско – Методистичка црква, Скопје со почеток во 19 часот
Четврток, јануари 2015 година Македонска православна црква – Охридска архиепископија, црква Свети Петар и Павле во населбата Ѓорче Петров со почеток во 19 часот
Дијалогот на љубов кој Господ Исус Христос го започна со жената Самарјанка на изворот на Јаков продолжува и денес со секој кој сака да го запознае и прифати Спасителот. Знаеме дека жедта на Исус која ја искажа со зборовите „Дај ми да пијам“, всушност не е жед за вода, туку за вистински христијани, кои се поклонуваат на небесниот Отец „во дух и вистина“ (Иван 4,23) и кои на новите генерации им покажуваат знаци на љубов и заедништво, а посебно со оние со кои ја делиме верата во истиот Спасител на светот Исус Христос.
к.мк