Парохискиот Каритас „Раѓање на Свети Иван Крстител“ – Струмица во посета на клубот на ЦПЛИП „Порака“

Парохискиот Каритас „Раѓање на Свети Иван Крстител“ – Струмица во посета на клубот на ЦПЛИП „Порака“

Членови и волонтери на Парохискиот Каритас од парохијата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ – Струмица, во четврток 16 ноември 2023 година, го посетија Клубот на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост – Порака Струмица. При посетата тие се сретнаа со корисниците на клубот, дружејќи се со нив, а воедно се запознаа и со нивните редовни активности и се вклучија во нив.

Во оваа прилика Парохискиот Каритас ја предаде донацијата од Македонски Каритас на корисниците на клубот, која се состои од пакети со храна.

Парохискиот Каритас „Раѓање на Свети Иван Крстител“ – Струмица најавува низа каритативни активности во периодот кој следува.

Категорија: Вести, Македонија

За авторот