Што е Црквата без богопосветени жени и монахињи? Без нив Црквата не може да се разбере, истакнува Папата во видео пораката во која ја споделува молитвената накана за февруари 2022 година. Овој месец Светиот Отец повикува на молитва за Богопосветените жени и монахињи да продолжат да наоѓаат решенија за предизвиците на модерното време.
Во центарот на молитвите на Папата овој месец се Богопосветените жени и монахињи, на кои тој им се заблагодарува за нивното послание и храброст и се моли да продолжат да наоѓаат решенија за предизвиците на нашето време. Наканата на Светиот Отец е објавена во форма на видео порака, споделена преку Папската светска молитвена мрежа.
Црквата не може да се разбере без посветени жени и монахињи, истакнува Папата на почетокот на видео пораката.
Папата Фрањо ги охрабрува да препознаат и да изберат што е добро за нивното послание во соочувањето со предизвиците на денешниот свет и ги повика да продолжат да работат и да дејствуваат со сиромашните, маргинализираните, а посебно со жртвите на трговија со луѓе.
Светиот Отец се моли посветените жени и монахињи да ја покажат убавината на Божјата љубов и сочувство делувајќи како катехисти, теолози и духовни пријателки.
Во пораката на папата Фрањо се споменуваат и на некои тешкотии во посланието на Богопосветените жени и монахињи. Ги повикувам да се борат кога, во некои случаи, се третираат неправедно, дури и во рамките на Црквата; кога нивната служба, која е толку голема, се сведува на робување, порача Папата.
Тој ги повикува посветените жени и монахињи да не се обесхрабруваат, туку да сведочат за Божјата добрина преку апостолските дела што ги извршуваат, а пред сѐ преку свдедочејќи за нивниот посветен живот.
Ватикан њуз/к.мк