Молитвата прави чуда

Молитвата прави чуда и го спречува срцето да стане круто заборавајќи ја побожноста. Молитвата на верниците ја менува Црквата; Црквата не ја води напред ниту папата, ниту епископите, ниту свештениците, туку светците – истакна Светиот Отец во проповедта на светата Литургија на 12 јануари во капелата на домот Света Марта.

Можеме да бидеме верници кои се под пепелот на осудувањето односно бескрајното критикување, сме го изгубиле чувството за побожност што јасно го потврдува литургиското читање – рече Папата коментирајќи го делот од Првата Книга Царства чии протагоности се жената Ана – вознемирена заради својата неплодност па со солзи го моли Бог да и подари син – и свештеникот Илиј кој седејќи во храмот растресено ја гледал жената.

Бибилискиот дел најпрво ги дава вознемирувачките зборовите на Ана, а потоа размислувањето на свештеникот, кој бидејќи ништо не слушнал со злобна површност го осудува шепотењето на жената. Таа е некоја пијаница сметал свештеникот. А напротив нежното липање од Бог искинало чудо. Во своето срце молела, само усните се мрдале: не се слушал глас. Тоа е храброст на жена со вера која со својата болка, своите солзи од Бог моли милост. Во Црквата има многу такви жени кои одат да молат како да станува збор за облог… Да се сетиме на света Моника која со своите солзи успеала да измоли преобраќање за својот син свети Августин. Такви жени има многу – рече папата Фрањо.

Свештеникот Илиј е беден човек кон него чувствувам извесна наклонетост затоа што во себе наоѓам мани кои ме приближуваат на него и добро го сфаќам. Лесно ги осудуваме луѓето, немаме искреност да кажеме: „Што носи во своето срце? Тоа не го знам, но нема ништо да зборувам… Кога во срцето нема побожност, секогаш мислите се лоши, не се сфаќа оној кој болно и вознемирено моли, кој на Бог му ја доверува болката и вознемиреноста – рече Светиот Отец.

Исус во Маслиновата градина ја искусил таквата молитва кога чувствувал толку вознемиреност и болка што потел крвава пот. А не го укорувал Отецот: Оче ако сакаш тргни го ова, но нека биде твојата волја. Исус одговорил благо како жената. Понекогаш кога молиме од Бог бараме, но често не успеваме да поттикнеме борба со Бог, со солзите да побараме милост – рече папата Фрањо.

Молитвата прави чуда – рече Папата потсетувајќи на човекот од Буенос Аирес кој во светилиштето Луан измолил оздравување за својата ќерка. Молитвата на верниците ја менува Црквата: не ние: папата, епископите, свештениците и чесните сестри тие кои ја водиме напред Црквата, тоа го прават светците. А светците се како оваа жена. Светци се оние кои храбро веруваат дека Бог е Господ Кој може да направи сè – заврши папата Фрањо.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот