Можно е папата Фрањо да објави енциклика на тема екологија

Директорот на Канцеларијата за печат на Светата Столица, патер Федерико Ломбарди, во петок 24 јануари потврди дека папата Фрањо започна да работи на нацрт текст на тема екологија, кој би можел да прерасне во енциклика. Патер Ломбарди истакна дека проектот е во многу рана фаза, поради што е и премногу рано да се предвиди времето за можна објава.

Патер Ломбарди напомена дека папата Фрањо планира да стави посебен акцент на тема „човекова екологија” израз кој се користи од страна на папата Бенедикт за да се опише не само колку луѓето мора да ја бранат и почитуваат природата, туку дека мора да се брани и природата на личноста како што е создадена од Бог, машко и женско.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот