Мисиска недела во Петралинци

Мисиска недела во Петралинци

Со бројаница и крст направени од свеќи и молитва за мисионерите, во католичката парохија Свети Кирил и Методиј во Петралинци беше одбележана мисиската недела.

Молитвеното заедништво во црквата започна со пренесување на сведоштвото за 15 годишниот Клевер Давид од Танзанија кој е ХИВ – позитивен, кој ги загубил своите родителите и кој секојдневно ги поднесува симптомите на болеста, истовремено тој е вклучен во програма на чесни сестри мисионерки.

По завршувањето на подготовката на бројаницата и крстот од свеќи, присутните молеа света Бројаница и молитва на верните за мисионерите и мисионерките, за нови мисионерски звања, за сите христијани со добри дела и жртва да учествуваат во ширењето на Радосната вест, вклучувајќи ги во молитвата и Папата и сите пастири во Црквата.

По завршувањето на светата Бројаница парохот о. Ѓорѓи Појразов одржа наговор. Наговорот беше заснован на неделното евангелие, во кој тој поттикна „Исус преку нашиот кораб да мисионира, да навестува. А што значи Исус да мисионира преку нашиот кораб?

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот