Миса Вечера Господова во Скопје

На Велики Четврток, 17 арпил 2014 година во катедралата Пресвето Срце Исусово во Скопје, Мисата Вечера Господова ја предводеше Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, монс. др. Киро Стојанов, во сослужение на генералниот викар монс. АнтунЦиримотич и скопскиот парох дон Давор Топиќ.

Пригодна проповед упати монс. Циримотиќ, говорејќи за чудото на овоплотувањето на Божјиот Син и гледајќи во таа величина на Божјата љубов кон човекот, го истакна дарот на Евхаристијата и присутноста на Христос евхаристискиот леб и вино. Исусовиот чин миење нозе на учениците е гест на братска љубов, која била изненадување за сите апостоли посебно за Петар. Како што Бог ни се дарува во Светата Евхаристија, така и ние, примајќи ја причеста, да бидеме дар на вистинско служење во љубовта едни кон други, бидејќи љубовта се дава, „гори“, рече монс. Циримотиќ.

По проповедта бискупот Стојанов го изврши обредот миење нозе на дванаесет верници: Марјан Џекиќ, Драгиша Здравковски, Томислав Микулец, Амброз Џини, Алберт Укајдари, Перица Големиќ, Алојз Гомбар, Божо Матиќ, Никола Петровски, Виктор Михајловски, Кристо Себов и Симо Павиќ. За време на обредот миење нозе, бискупот на секој од нив им подари благословен леб.

На крајот од светата Миса, бискупот Стојанов во процесија ја пренесе Светата Причест во катедралната капела Света Ана.

За време на Мисата пееше катедралниот хор под водство на с. Татјана Атанасова, а церемонијал беше богословот Бошко Чатлак.

д.Д.Т.

Категорија: Македонија

За авторот