Молитвено дружење на младите во Паљурци и Богданци

Во неделата на 05 април 2015 година на празникот Цветници и Ден на Млади во Паљурци и Богданци се одржа Молитвено дружење на младите од парохии на Апостолскиот егзархат во Македонија.

Денот на млади во неделата на Цветници во Католичката Црква се оджува со повелба на папата свети Иван Павле II од 1984 година (официјално од 1985) е прифатена од целата Црква, првиот Ден на млади се одржа на 23 март 1986.

Овогодишната средба на Млади со благослов на Неговото високопреосвештенство монс. Киро Стојанов се одржа во Паљурци и Богданци. Започна со молење на Света Бројаница на посветениот темелен камен на црквата Свети Апостол Павле. Младите заедно со своите свештеници направија жив синџир во вид на бројаница со пет десетки и крст – т.н. „Жива Бројаница“

Молењето беше заедничко по парохии: Свети Пророк Илија – Радово;Успение на Пресвета Богородица и Свети Иван Крстител – Струмица; Успение на Пресвета Богородица – Нова Маала и Свети Ѓорги – Чанаклија; Свети Кирил и Методиј – Богданци, Свети Климент – Стојаково, Свети. Петар и Павле – Гевгелија, Свети Јосиф – Бистринци и Свети Никола – Секирник;Свети Кирил и Методиј – Петралинци и Свети Димитриј – Сарај.

Секоја година Светиот Отец папа дава мото под кое се одвива подготовката и одбележувањето на Денот на Млади – Цветници. Неговата светост папата Фрањо за оваа година го даде текстот од Евангелието според Матеј 5,8: „Блажени се чистите по срце, оти тие ќе Го видат Бога!“

Наговор поврзан со овогодишното мото во амфитеатарот на Паљурци одржа о. д-р Зоран И.Стојанов, парох во Радово и декан на Деканатот свв. Кирил и Методиј.

Дружењето продолжи во Богданци

Заедно со многубројните млади од парохиите и неколкуте дипломирани богослови на Апостолскиот егзархат во Македонија и свештениците Протереј ставрофор Ѓорги Трајков, о. Тома Ангелов, о. Спасо Ристов, о. Гоце Костов, о. Димитар Ташев, о. Ѓорги Појразов, о. Ѓорги Динов, о. Трајче Ташев, о. Ристо Самарџиски, о. Илија Стојанов на Молитвеното дружање на млади беше и г-ца Анастасија Олумчева, градоначалчка на општина Богдаци.

Следната 2016 година, покрај по сите месни Цркви во светот на Цветници ќе се одржи и заедничката средба: Светски Ден на Млади во Краков, Полска од 26 до 31 јули.

 к.мк/з.и.с.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот